Повремениот репрезентативец Мартин Манасков е најновото засилување за Охрид.

Бекот во охридскиот клуб се сели од Пролет, а со новиот тим потпиша соработка од една сезона.

„Гладијаторите“ кои во новата сезона ќе ги предводи Раде Стојановиќ веќе донесоа неколку засилувања меѓу кои и голманот Никола Данилоски, пивотменот Кристијан Анастасовски и десниот бек Дејан Гошески, додека Крсте Андоновски, Борче Соколов, Бобан Блажески, Иван Тасески и Јагош Брауновиќ ја продолжија соработката со клубот.