Дејан Милосављев уште на стартот на своја кожа почувствува како функционираат Германците. По завршување на сезоната во дресот на Вардар и освојување на титулата во Лигата на шампионите, српскиот голман целосно се опуштил за задоволствата поточно кажано се „фрлил“ на храната.

Како што пишуваат германските медиуми на подготовките на Фуксе Берлин се појави со десет килограми повеќе, па од клубот му порачаа дека ќе мора да ги симне истите.

„Оваа тежина носи ризик за повреди. За негово здравје е најдобро да ослабне најмалку десет килограми“, изјави фитнес тренерот на Фуксе, Карстен Корбрик.

Dejan Milosavljev Pinguine Fuechse Berlin im Trainingslager Lübbenau
 
Pinguine Punguinbecken Fotos bitte unbedingt Schwerdtner/Spreewelten darunter schreiben dann kostenlos für uns
Füchse im Trainingslager Lübbenau

И тренерот, Велимир Петковиќ му порачал на Милосављев дека ќе мора да намали со килограмите.

„Разговаравме со Дејан за тежината, не ме интересира како изгледа и колку тежи. Најважно е да брани добро и да го потврди тоа дека е најдобар голман во Лигата на шампиони. Немам ништо против да намали со килограмите“, рекол Петковиќ.

Ваков сличен проблем имаше и Вардар со Страхиња Милиќ, откако неколку пати беше предупредуван, на крајот мораше да се раздели со македонскиот тим.

Секако ниту челниците и стручниот штаб на Вардар немаше да го толерираат Милосављев со прекумерна тежина.