Шкендија во 3. коло од квалификациите во Лигата на Европа, би играла со поразениот од дуелот Селтик – Номе Калју. Што значи дека доколку го мине Дуделанж, а естонскиот тим загуби од Шкотскиот, што е реално, тогаш повторно Номе Калју доаѓа во Скопје. Ова е познато по денешната ждрепка во Нион.

Ова е мотив плус и за тетовци да го минат Дуделанж и да му се одмаздат на Номе за елиминацијата од Лигата на шампионите која се случи минатиот вторник.