Вториот противник на македонскиот првак Шкендија во европа ова лето, луксембуршки Дуделанж, попладнево тренираше на Националната Арена под жешкото скопско сонце. Составот од Луксембург по третпат е во Скопје, откако играше и со Вардар и со Работнички пред 14 и пред 16 години. Тогаш на стариот Градски Стадион, сега за првпат на новата Арена.

Играчите воодушевени од зданието се фотографираа пред да почне официјалниот тренинг.