Во следните неколку часа, Милан ќе добие ново засилување. Во Милано денеска пристигна репрезентативецот на новиот африкански шампион Алжир, Исмаел Бенасер, кој беше прогласен и за играч на финалниот меч на шампионатот кој заврши во египет.

Според информацијата, Милан е подготвен да ги плати оние 16 милиони евра кои за него ги бара неговиот досегашен клуб Емполи. Сега останува само да минат лекарските прегледи и трансферот и официјално да биде потврден.