Американскиот истражен судија нема да покрене тужба против Кристијано Роналдо по истрагата околу наводното силување на Катрин Мајорг, американската манекенка која тврдеше дека ја нападнал во 2009 година.

Мајорг, лани, покрена обвинение во Лас Вегас дека фудбалерот ја силувал, а за нејзиното претходно молчење, тој и платил 375 илјади долари. Сепак потврдено е дека нема никакви докази против Роналдо.

„Сомнежите против Кристијано Роналдо не може да се докажат. Поради тоа нема да биде покренато обвинение“, стои во објаснувањето од полицијата во Лас Вегас.