Иако е блиску до трансфер во Јувентус, Мауро Икарди би можел да заврши и во друг клуб, како на пример Наполи. Наполи ја користи шансата и бавните преговори со Јувентус, па со неодолива понуда ќе го „мами“ голгетерот да дојде во нивните редови.

Според пишувањата, Наполи ќе испрати понуда за играчот со која ќе заработува 10 милиони евра по сезона, плус бонуси. Ова е понуда која вреди да се разгледа и да се прифати. Сега е на потег Јувентус кој што треба да притисне и конечно да го ангажира во своите редови.

Дека Јуве е сериозен во намерите да го донесе Икарди, покажува фактот дека му ја одзеде „деветката“ на Игуаин и таа сега е подготвена за Икарди.