Откако е јасно дека Нејмар ќе си замине од ПСЖ поради караница со Леонардо, сега и Килијан Мбапе бара да го напушти тимот од Париз, пренесуваат француските медиуми.

Реал Мадрид будно ја следи ситуацијата со Мбапе кој е желба одамна за „кралевите“. Доколку се случи да замине, тогаш кралскиот тим веднаш се вклучува во акција.

Мбапе е еден од најпосакуваните играчи на денешницата. Тој дојде во ПСЖ од Монако, и ќе го искористи овој „хаос“ да дојде до трансфер во Реал.

Од ПСЖ веројатно ќе си замине и Кавани кој ќе отиде во Интер.