И Работнички се разбуди од „летен сон“. Најтрофејниот кошаркарки колектив го договори првото засилување за новата сезона. Станува збор за Горан Главчев, довчерашниот кошаркар на Блокотехна, кој ќе биде замена за Димитар Мираковски, кој одлучи да стави крај на играчката кариера.

Капитенот на Работнички ќе го замени Марин Докузовски на тренерското место, секако и во иднина главните совети ќе ги добива од искусниот тренер.

„Главчев е првото засилување во Работнички, брзо постигнавме договор“, ни потврдија од Работнички, кои најавија дека во моментов преговараат со други имиња.

Главчев минатата сезона со Блокотехна ја освои БИБЛ-лигата, но откако овој прокет во Гевгелија некако спласна одлучи да се пресели во Скопје.