Една од најактивните екипи во летниот преоден рок е тимот на Севилја кој денеска го донесе 10-тото засилување. Станува збор за српскиот интернационалец Немања Гудељ кој потпиша за тимот од Андалузија.

До сега тимот на Севиља, со познатиот Мончи како спортски директор, се засили со: Кунде, Дабур, Окампос, Карлос, Џордан, де Јонг, Торес, Вебер, Фернандо и Брис, со што беа потрошени 124 милиони евра.