Вилиан, кој досега го носеше дресот со број 22, е новата „десетка“ на Челси. Со заминувањето на Еден Азар од „Стемфорд Бриџ“ неговиот број остана слободен и истиот му е понуден на Бразилецот, кој го прифатил.

Вилиан дрес со број 10 носеше и за репрезентацијата на Бразил на Копа Америка (Нејмар беше отсутен), а тој број го носеше и пред да дојде во Челси, во редовите на Шахтјор и Анжи.

Азар „десетката“ ја носеше од 2014 година кога ја превзема од Хуан Мата по неговото заминување од клубот.