Машката јуниорска репрезентација на Македонија попладнево отпатува за Орадеа, Романија каде ќе настапи на Европското првенство (Б дивизија) за кошаркари до 18 години.

По речиси два месеци подготовки селекторот Тони Симиќ и неговите избраници последната проверка на силата ќе ја имаат на пријателски двомеч со организаторот Романија пред настапот на ЕП.

Македонија ќе разигрува во групата Б каде за противници ги има селекциите на Ирска, Грузија, Данска, Украина и Словачка.

Ирска е нашиот прв противник, со кој се среќаваме в петок (26 јули) од 19:45 часот, потоа, в сабота играме против Украина (15:15 часот), додека в недела ќе се надигруваме со Грузија (17:30 часот). Понеделник е слободен ден за нашите јуниори, додека во последните две кола играме со Словачка (30 јули, во 13:00 часот), односно против Данска (31 јули, 19:45 часот).