Аријан Адеми и Динамо Загреб може веќе да размислуваат на следниот противник во Лигата на шампионите. Тие во првиот меч од 2. квалификациско коло го совладаа грузискиот тим Сабуртало со 0:2 на готински терен, и со тоа си направија огромна предност пред реваншот на „Максимир“.

Адеми го одигра целиот меч за својата екипа и ја носеше капитенската лента.

Адеми во 3. коло може да се сретне со Стефан Спировски и Ференцварош. Неговиот тим утре го игра мечот со Валета од Малта, а Спировски тешко дека ќе се најде во составот, со оглед дека не е целосно рехабилитиран од повредата.