Арбитражната комисија при Ракометната федерација на Македонија ќе одлучи дали грузискиот репрезентативец Лексо Тцителишвили ќе остане во Струга или ќе стане нов играч на Охрид.

Големите ривали административно ќе „војуваат“ за услугите на Грузиецот, кој е под договорна обврска со Струга, а побара исписница од клубот и сака да премине во редовите на Охрид.

Средниот бек имаше добра сезона во Струга, а со своето искуство би бил значаен за охридскиот тим кој го склопува новиот стратег Раде Стојановиќ.