Елиф Елмас вечерва пристигна во кампот на Наполи, каде што се сместуваат сите играчи на тимот. Тој треба утре и официјално да биде промовиран како нов член, и да се приклучи на екипата. Тој беше пречекан од неколку навивачи на тимот.

Дебито можеби ќе го има на 27 јули кога ќе се игра пријателскиот меч со Ливерпул.