Барселона и Челси играат пријателски натпревар во Јапонија, а за малку дуелот ќе се претвореше во трагедија. За Барселона дебитираше новото, мега засилување на Барса Антоан Гризман, а во 19 минута доби нокаут од противничкиот играч. Имено во борба за топка двајцата стартуваа со лизгачки старт со тоа што Жоржињо го удри францускиот играч со копачка во градите.

Гризман лежеше на тревата, губеше здив, а по лекарската интервенција тој стана и продолжи да игра. Сепак мора да се каже имаше и среќа во овој дуел затоа што можеше сериозно да настрада ако копачката на противничкиот фудбалер беше малку повисоко.

Што се однесува до натпреварот, Челси води против шпанскиот првак со 1:0 со голот на Абрахам во 13. минута.