Во минатото заедно беа дел од Борусија Дортмунд, сега во последно време во Баерн Минхен, но дојде денот за разделба. Матс Хумелс го напушти тимот на Баерн, и се врати меѓу „милионерите“, а неговиот екс соиграч Роберт Левандовски не го оправдува заминувањето.

„Требаше да остане да се бори, а тој си замина. Сега ќе ни биде ривал“, изјави кусо Левандовски.

За разлика од Хумелс, кој не славеше кога погоди против Дортмунд, Левандовски тоа го прави, и го навлече гневот на навивачите на „милионерите“, со тоа што не покажува нималку респект кон тимот кој го „лансираше“ меѓу „ѕвездите“.