Катастрофа. Мизерија. Ужас. Таква беше Шкендија вечерва на Арената во Скопје на првиот меч од 2.квалификациско коло во ЛЕ. Пораз од 1:2 од Дуделанж, по истиот терк како и со Номе Калју. Прво поведе, а потоа ужасно второ полувреме за пораз. Дали е сензационален? Да, ако ги знаевме амбциите ова лето во Европа. Не, ако гледаме во каква форма е тимот. Следува реваншот во Луксембург за седум дена.

АГИМ ОД ПЕНАЛ НОСИ ВОДСТВО…

Шкендија поведе многу рано, уште во 7.минута, и повторно од пенал. Трет гол за тетовци ова европско лето, и трет од пенал, трет на Агим Ибраими. Гарош го фаулираше Радески во својот казнет простор, судијата Хансен покажа на белата точка а Ибраими беше непогрешлив за водство од 1:0. По тој гол нашиот тим и натаму играше сигурно во средниот ред, имаше иницијатива. Дуделанж пак се обидуваше да стори нешто повеќе, но без некоја посебна шанса. Шкендија пак во првиот дел од мечот можеше, но и мораше да постигне уште некој гол. Шанси и тоа убави, имаа Радески, Агим Ибраими и Фелипе, но на пауза се замина со тие 1:0.

КАКВИ КИКСОВИ НА РЕЏЕПИ…КАТАСТРОФА

Во првите 15.минути од вториот дел Шкендија продолжи со сигурна игра на средина од теренот без некој посебен ризик. Имаше убави акции, но кога требаше истите да се крунисат со гол, недостигаше тој последен пас, тој зваршен удар. Во тие моменти тренерот Османи во игра ги внесе Тотре и Бесарт Ибраими. И тогаш шок на Арената. Голманот Реџепи киксираше, тоа го искористи Бетаиеб и израмни во 64.минута. Не помина ниту две минути кога Реџепи стартуваше врз Штолц, тоа беше пенал а Синани му носи водство на Дуделанж од 2:1. Со тој резултат се заврши мечот, иако и Шкендија и Дуделанж во финишот имаа најмалку по една шанса за уште некој гол.

 

2.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ВО ЛЕ – ПРВ МЕЧ

ШКЕНДИЈА (МКД) – ДУДЕЛАНЖ (ЛУК)          1:2 (1:0)

Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Гледачи: 3.000.
Судија: Торе Хансен (Норвешка).
Стрелци: А. Ибраими (п) 7. (ШКЕ), Бетаиеб 64, Синани (п) 68.
Ж. Картони: Радески, Реџепи, Мици (ШКЕ), Боушуари, Штолц, Покар (ДУД).

ШКЕНДИЈА: Реџепи, Мици (76.Имери), Бејтулаи, Алими, Муслиу, Радески (63. Б. Ибраими), Мурати, Жуниор, Фелипе, Хусмани (60. Тотре), А. Ибраими.

ДУДЕЛАНЖ: Кипс, Шнел, Покар, Синани, Штолц, Кабрал Барбоса (64. Бетаиеб), Делгадо, Гарош (80.Морен), Кирх, Боушари, Боугрин (46.Берние).