Екипата на Шкендија повторно ги разочара фановите. Откако претходно не успеа да го мине естонски Номе Калју во ЛШ, сега е во опасност да испадне и од Дуделанж во 2. квалификациско коло на Лига Европа откако вечерва на арената во Скопје изгуби со 1:2. Има реванш во Луксембург, меѓутоа со играта, посебно големите киксови во одбраната се чини дека им се спрема нов потоп.

Тренерот Ќатип Османи  изјави:

Добро почнавме, дадовме гол, имавме и уште неколку шанси. После промашувањата стигна и казната. Примивме гол(ови) по наши грешки. Се повтори слабата реализација. Сега мораме да се подготвиме добро и да одиграме најдобро што можеме на реваншот. Мислам дека не е во прашање физичката подготвеност, туку оние два моменти во второто полувреме кои беа клучни во поразот“, изјави Османи.

Реванш натпреварот е на 30 јули, на кој ќе мора македонскиот шампион да се крене од летаргијата и да заигра најдобро што знае. Видливи се слабости во одбраната и во нападот, играта не оди течно, а се прават многу киксови кои противниците ги казнуваат.

Оние што играа денеска се квалитетни играчи, добри индивидуалци кои можат да решат меч, но очигледно не сум ги наместил сите коцки во екипата. Не функционираа работите како што треба“, додаде стратегот на Шкендија.