На трансферот на Елиф Елмас во Наполи не остана рамнодушен ниту капитенот на националниот тим Горан Пандев.

Тој на својот Инстаграм профил објави фотографија заедно со Елмас на која искоментира „Среќно мајсторе“, посакувајќи му среќа во Серија „А“ и во Наполи, во тимот каде што Пандев играше.

Пандев пред неколку дена призна дека се слушнал со Елмас и му барал совети, а Пандев рече: „Му кажав некои работи“…