Новиот Шпанец на клупата на Вардар, Давид Писонеро, утре официјално го собира „црвено-црниот“ тим и ги стартува подготовките за новата сезона, но тоа ќе го стори сам. Поточно се уште не се знае кој ќе биде новиот помошник тренер во редовите на европскиот првак.

Билјана Црвенкоска која беше десна рака на екс-стратегот Роберто Парондо од следната сезона ќе го води првиот женски тим на Вардар, додека за новиот асистент на Писонеро се чека дозвола од клубот. Односно Вардар се уште нема донесено одлука по тоа прашање, па најверојатно Шпанецот во текот на подготовките ќе добие друштво на клупата.

Од она што е сигурно е дека Дејан Периќ останува тренер на голманите, додека Даниел Јуришиќ и натаму е кондиционен тренер.