Сѐ почна од тука: Еве кога СПОРТМЕДИА го најави трансферот на Елмас во Наполи!

Сѐ почна од тука: Еве кога СПОРТМЕДИА го најави трансферот на Елмас во Наполи!

Беше 25. јуни кога Спортмедиа објави текст дека тренерот на Наполи, Карло Анчелоти лично му се јавува на Елмас за да го убеди да дојде во италијанскиот тим. 

„Летната трансфер сага на Елиф Елмас и натаму продолжува. Секојдневно во медиумите, посебно во турските, се споменува клуб кој што бил заинтересирал  за услугите на „дијамантот“. Се споменуваат и 15 милиони и 20 милиони евра, се споменуваат Милан, Интер, Тотенхем, Атлетико М. Најново е тоа што Наполи ептем „загризал“ за македонскиот фудбалски феномен. Па така славниот Карло Анчелоти, тренерот на Наполи, лично ја презел одговорноста овој трансфер да успее. Дознаваме дека дон Карло лично му се јавувал на Елмас на телефон и го наговарал да дојде во Неапол, демек Наполи бил најдобрата опција за „дијамантот“. Одговорот на Елмас не го знаеме, само тој и Анчелоти знаат што муабет си прават во изминатите неколку денови. Ние мораме да признаеме дека не е мала работа еден Карло Анчелоти да ти се јавува и да те „врбува“ да дојдеш во тимот каде што тој е тренер“, пишуваше во текстот на „Спортмедиа“.

Од таму почна се, и заврши со трансфер кој ќе биде обелоденет во следните часови.

Иако за него имаше интерес од многу големи клубови, сепак, Елмас го одбра Наполи. Ќе биде дел од овој тим и вториот Македонец по Горан Пандев.