По неколку дневни преговори Тотенхем успеа да го добие аргентинскиот играч за врска Џовани Ло Селсо! Шпанскиот клуб првично бараше 60 милиони фунти за него, но по трансферот на Набил Фекир од Лион ја спушти цената, па сега е достапен за 45 милиони фунти, сума која се согласува да ја плати европскиот вицешампион.

А во нивна корист оди и желбата на 23-годишниот играч да му се приклучи на Тотенхем и да работи со сонародникот Маурицио Покетино иако има и понуда од Манчестер Јунајтед. Ло Селсо минатата сезона играше во Бетис како позајмен од ПСЖ со тоа што андалузискиот клуб ја искористи можноста да го откупи за 20 милиони фунти.

Според договорот дел од парите што Тотенхем ќе му ги плати на Бетис за Аргентинецот ќе одат на сметката на Пари Сен Жермен (20%).

Ло Селсо ја почна кариерата во Росарио, а досега одигра 19 натпревари за аргентинската репрезентација, додека во 2016 година прејде во ПСЖ за 8,5 милиони фунти.