Кога се победува сите се насмеани. Кога си шампион со +35 бодови разлика тогаш си фраер, јасно. Кога никој ништо не ти може…и тогаш си фраер. Но, тие времиња минаа, сега е време за погледнување во огледало, ставање прст на чело, време е за одговорност, за одговори. Ова вака не може до недоглед. Ова се два тешки удари за Шкендија. Некој ќе мора, без разлика дали тренерот Османи или претседателот Беџети, навистина да каже што се случува со „непобедливата“ Шкендија, со очајната Шкендија. Во животот, посебно во фудбалот, работите брзо се менуваат. Во Шкендија до пред некој ден се беше бајно, јавноста се занесуваше дека оваа најсилна Шкендија ќе дојде до европските височини. И се излажа, се излажавме и ние новинарите, медиумите. Сега сите се во шок и со право се прашуваат – каде исчезнаа насмевките? Каде исчезна големината на Шкендија?

Потребни се вистински одговори на вистински прашања. И да не се лажеме, ова е голем удар и за Еколог, за спонзорот на Шкендија.