Од денеска Македонија го има најголемиот трансфер во историјата. Елиф Елмас, нашиот скапоцен фудбалски дијамант ги урна сите рекорди, тој се продаде од Фенербахче во Наполи за фантастични 18 милиони евра.

Никогаш порано не сме имале фудбалер кој што успеал да направи толкав трансфер. Е па секоја чест ДИЈАМАНТУ, ти посакуваме прекрасни настапи во Наполи и следниот трансфер да биде најмалку двојно поголем. Елмас е веќе во Италија, прво го чека состанок со тренерот Карло Анчелоти, потоа минување на лекарските прегледи и се разбира, во текот на денот и официјална промоција.

Неапол, градот под Везув. Некогаш ги имаше Марадона, Пандев… сега го има Елмас…