Малку недостасуваше сите гостински екипи да останат непоразени од првите дуели вечерва во 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите, но ПСВ со неверојатен пресврт ја спаси честа на домаќините и го совлада Базел со 3:2.

ПСВ имаше негатива од 1:2 до 89. минута, но потоа со два брзи гола, стигна до победата и до предност, но и натаму ништо не е познато, со оглед дека има реванш на „Сент Јакобс Парк“.

Динамо Загреб со 0:2 го совлада Сабуртало на гости и веќе е во 3. коло, а таму веќе е и Копенхаген кој со истиот резултат го победи ТНС. АПОЕЛ славеше над Сутјеска во Црна Гора со 0:1, а Плзен и Олимпијакос одиграа без голови.

Четири од пет домаќини не постигнаа гол вечерва.