Елиф Елмас е веќе во Наполи, синоќа имаше средба со тренерот Карло Анчелоти, а утринава се појави на тренингот на екипата запознавајќи се со новите соиграчи. Познато е и кога ќе биде презентацијата на македонскиот бисер во Неапол. Таа е закажана за утре.

„Среќен сум и возбуден што ќе играм за Наполи. Ова е моја голема шанса, предизвик да им покажам на сите колку вредам“, изјави Елмас по потпишувањето со Наполи.

Е сега има две варијанти околу бројот на дресот. Едната е деветката што во минатото ја носеа легендите Игуаин и Зола, а минатата сезона Верди или 20-ката која стоеше на маичката на Наполи што ја облече после лекарските прегледи во Рим. Таа бројка е на Арек Милик, но полскиот напаѓач наскоро може да ја смени средината.