Во финишот на последната сезона во АБА-лигата меѓу Црвена Звезда и Будуќност се изнагледавме се и сешто, а новиот прв човек на лигата, Домагој Чавловиќ, најавува дека тоа веќе нема да се случи. Клубовите и нивните членови кои ќе прават проблеми и ќе бидат причина за инциденти ги чекаат жестоки казни.

„Верувам дека новата сезона во АБА ќе биде подобра од претходната, тоа е цел на сите нас. Навистина жалам што неколку натпревари во финишот на сезонава ја расипаа сликата за регионалното натпреварување… Такви работи во иднина не смее да се случуваат. Санкциите ќе бидат поригорозни и актерите во инцидентите ќе бидат жестоко казнети. Нема да дозволиме никој да го руши угледот на АБА-лигата, за таквите нема да има место во ова натпреварување и веднаш ќе бидат исфрлени од Лигата“, дециден е Домагој Чавловиќ.