Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) го предупреди олимпискиот победник на 400 метри слободно Австралиецот Мак Хортон откако одби да застане на победничкиот пиедестал во моментите на интонирањето на кинеската химна откако контроверзниот Кинез Сун Јанг го освои златниот медал.

Австралиецот го освои сребредниот медал и не му честита на Кинезот, ниту се фотографираше со него, туку одлучи да застане надвор од пиедесталот за време на химната на Кина.

Фрустриран сум. Мислам дека знаете поради што“, кратко изјави Нортон.

За да објасниме треба да се вратиме назад. Во 2014 година Сун беше суспендиран на три месеци поради допинг. Неодамна беше откриено дека тројниот олимписки победник избегнал суспензија така што со чекан ги уништил примероците на крв. Тој прво обил да даде примерок од крв сметајќи дека службеничката не била овластена за тоа. По наредба од „горе“ се согласил да даде примерок, а подоцна епруветата ја уништил со чекан. Кинезот ги негираше обвиненијата, а ФИНА процени дека тој не ги прекршил правилата.