Енур Тотре веднаш после мечот со Номе Калју, требало да замине во Полска на потпис со тимот на Горник Забрзе. Меѓутоа трансферот пропадна од непознати причини.

Неофицијално, Шкендија потпишала со Фелипе како замена за Тотре, во надеж дека после Номе Калју играчот од средниот ред ќе замине на потпис во Полска. Меѓутоа тоа не се случи, така сега тетовскиот тим ги има на располагање и двајцата.

Тотре беше еден од споменуваните играчи кои ова лето требаше да направи трансфер. Исто така за трансфер се подготвуваше и Муслиу, но во моментов и двајцата се дел од Шкендија, иако до крајот на преодниот рок има уште време.