22:32 – ОФИЦИЈАЛНО: Леганес вечерва се пофали со ново засилување. Од Малага во Мадрид се сели Роберто Розалес, кој денеска потпишал 3-годишен договор со шпанскиот прволигаш.


22:11 – Евертон вечерва предложил 35 милиони евра за Моис Кин. Јувентус одбил. „Старата Дама“ инсистира да добие 40 милиони евра. Евертон разгледува можност за нова понуда.

22:01 – 22-годишниот бугарски репрезентативец Божидар Краев, кој досега играше за дански Мидтјиланд, од денеска е нов фудбалер на португалскиот тим Жил Висенте. Трансферот не е ефективен, па Краев доаѓа на позајмица една сезона.

21:44 – ПОТВРДЕНО: Во финишот на вечерта доаѓа потврда на уште еден трансфер. Сасуоло го престави Педро Обианг, кој доаѓа од екипата на Вест Хем. За утре закажана и промоција.


21:38 – Полјакот Милик е на излезна врата од Наполи. Икарди е фудбалерот кој Анчелоти го сака во својот тим за следната сезона и ќе направи се за да го купи. Милик најверојатно оди на продажба. Најблизу до него во моментов е Бетис.

21:25 – Во обид да донесе ново име во нападот, Монако игра на повеќе фронта. Сега во последната информација од Франција се вели дека нова трансфер цел на францускиот тим е Стивен Н’Зонзи од Рома.

21:04 – Даниеле Де Роси вечерва од аеродромот во Рим полетува за Буенос Аирес, каде во текот на утрешниот ден треба да потпише договор со Бока Јуниорс. 


20:42 – Уште еден фудбалер на Барселона наскоро ќе заигра во Јапонија. Според последните информации, Томас Вермален е пред трансфер во Висел Кобе, клубот каде својата кариера ја продолжи и Андрес Иниеста.

20:17 – ПСЖ е пред потпис со Дени Роуз од Тотенхем. Шпански „АС“ пишува дека фудбалерот кој не отпатува со Тотенхем на предсезонската турнеја деновиве ќе биде промовиран во ново засилување за парижани.

20:06 – Милан денеска ја одбил првата понуда од Вулверхемптон за Патрик Кутроне. Според медиумите во Италија, Англичаните понудиле 18 милиони евра, плус 3 милиони бонуси за Кутроне, но Милан веднаш ја одбил понудата. „Росонерите“ бараат најмалку 25 милиони за својот млади напаѓач.

19:48 – Трабзонспор и натаму притиска да го убеди напаѓачот на Рома, Патрик Шик да се пресели во нивниот тим. Преговорите се во тек, а од Италија стигнуваат гласини дека наскоро ќе има и договор.

19:42 – ПОТВРДЕНО: 31-годишниот фудбалер на ВБА, Алан Ниом, од денеска е нов фудбалер на Хетафе. Тој потпиша 2-годишен договор со новиот клуб, а шпанскиот фудбал му е добро познат, затоа што минатата сезона ја помина на позајмица во Леганес.


19:38 – Џенова тргнува по Борха Валеро. Според италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио, Џенова веќе ги направила првите контакти со агентот на фудбалерот.

19:33 – Паратичи е во Англија во обид да го договори трансферот на Моис Кин во Евертон. Младиот фудбалер на Јувентус има големи шанси да ја продолжи кариерата во премиерлигашот од Ливерпул. Се чекаат детали од преговорите.

18:45 – 26-годишниот Холанѓанец, Тимо Лечерт од денеска е нов фудбалер на германски Хамбургер. Сега веќе поранешниот фудбалер на Сасуоло потпишал договор со Хамбургер на една сезона.

18:38 – ДОГОВОРЕНО: Младиот репрезентативец на Нигерија, Том Деле-Баширу од денеска е нов фудбалер на Ватфорд. Договорот е на 6 години.


18:35 – По Елиф Елмас, Наполи тргна и по Мауро Икарди. Според последните информации, Де Лаурентус понудил 50 милиони евра за Аргентинецот кој си оди од Милано, но „нероаѕурите“ одбиле. Бараат најмалку 60 милиони.

17:57 – ОФИЦИЈАЛНО: Катарците и натаму носат квалитетни засилувања. Екипата на Ал Ахли денеска го промовираше Парагваецот Хернан Перез кој како слободен фудбалер се сели во Катар од шпански Еспањол.


17:35 – Тренерот на Арсенал Унаи Емери, јасно стави до знаење дека нема намера да го продаде Пјер-Емерик Обамејанг. Габонецот се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, доколку си замине Ромело Лукаку

16:58 – Албанецот Хисај од екипата на Наполи дефинитивно ќе го напушти клубот ова лето. Неговиот агент уште еднаш потврди дека Хисај бара нов клуб каде ќе може да добие поголема минутажа. Засега проблем е трансфер цената од 25 милиони евра, која никој не сака да ја плати за него.

16:21 – Некои информации од Шпанија велат дека Дани Себаљос е веќе на пат за Лондон, каде треба да стави параф на договор за позајмица со екипата на Арсенал. Повеќе детали чекаме попладнево.

16:17 – Дефанзивецот на Барселона, Жан-Клер Тодибо има големи шанси летово да ја напушти каталонската престолнина. За младиот 19-годишен фудбалер во преговори со Барса влегоа француски Нант и екипата на Милан. И двата тима го сакаат Тодибо на позајмица.

15:40 – Тренерот на Ренџерс Стивен Џерард изјави дека напаѓачот Кајл Лаферти ќе го напушти „Ајброкс“ уште утре. Репрезентативецот на Северна Ирска се мачи да избори место во тимот, па одлучено е дека подобро за него е да ја смени средината. Тој е четвртото заминување од Ренџерс во овие две недели после Даниел Кандејас, Џек Алнвик и Рајан Харди.

15:15 – Шкотски Селтик потпиша со десниот бек Хатем Абд Еламед кој доаѓа од Хапоел Бер Шева. Договорот е на четири години.

15:00 – Еибар го комплетираше трансферот на јапонскиот интернационалец Такаши Инуи од Бетис вреден 2 милиони евра, една година откако го напушти баскискиот клуб. Тој сега потпиша договор со 2022 година.

14:00 – Повредата на Марко Асенсио ќе ги смени трансферните планови на Реал Мадрид, па така може да бидат стопирани два трансфери едниот е на Хамес Родригез во Наполи и на Дани Себаљос под наем во Арсенал. Па дури може да има ангажман на нов фудбалер.

13:30 – Фиорентина е заинтересирана за играчот на Барселона Рафиња кој е достапен за 15 милиони евра. Доколку биде склучена зделка, овој играч ќе заигра за клубот за кој играше неговиот татко Мазињо во 1991/92. За Рафиња се интересира и Валенсија.

12:50 – Идриса Геј до крајот на неделата ќе го комплетира трансферот од Евертон во Пари Сен Жермен вреден 32 милиони евра. Моментално трансферот е на стенд-бај затоа што англискиот клуб сака најде соодветна замена за него пред да даде зелено светло за реализација на зделката.

12:41 – Француски Оксер се пофали со трансфер на Дејан Соргиќ, напаѓачот роден во Швајцарија, а има корени од Хрватска. Тој доаѓа од Тун.

12:36 – Холандскиот напаѓач Винсент Јансен не се прослави во Тотенхем, но затоа ќе проба да ја возобнови кариерата во Мексико. Тој е нов играч на Монтереј, а трансферот е вреден околу 11 милиони евра.

12:20 – Евертон ги претстави новите дресови за гостинските натпревари.

11:45 – Диего Рејес, мексиканскиот фудбалер од Фенербахче потпиша договор со Атлас, клубот од татковината. Рејес е дете на Клуб Америка, а во Европа прво заигра за Порто, потоа беше во Сосиедад, Еспањол, а минатата година прејде во Фенербахче.

11:30 – Сампдорија и Торино го сакаат напаѓачот на Наполи Симоне Верди меѓутоа не можат да си ја дозволат сумата која ја бара првиот човек на неаполскиот клуб Де Лаурентис, а таа изнесува меѓу 23 и 25 милиони евра плус 30% од следната продажба.

11:00 – Барселона наскоро ќе го добие левиот бек Јуниор Фирпо од Бетис, открива стручњакот за трансфери Ди Марцио. ПОВЕЌЕ ОВДЕ

10:40 – Реми Кабеља од Сент Етјен заминува во рускиот премиерлигаш Краснодар за 13,5 милиони евра со вклучени бонуси. Неофицијално францускиот играч ќе добие трипати поголема плата во Русија отколку во Франција.

10:30 – Астон Вила утринава го претстави новиот играч, египетскиот репрезентативец Махмуд Хасан – Трезеге кој доаѓа од турскиот Касимпаша за 9 милиони фунти.

10:00 – Перуанскиот централен бек Карлос Замбрано останува во Украина и ќе продолжи да ги брани боите на Динамо Киев. Тој имаше неколку понуди од германски и италијански клубови но реши да остане во Украина. Замбрано е екс-играч на Шалке, Ајнтрахт Франкфурт и Рубин, а минатата сезона играше како позајмен во Базел.

09:30 – Манчестер Јунајтед му постави ултиматум на Интер за напаѓачот Ромелу Лукаку. „Црвените ѓаволи“ повеќе немаат нерви повторија дека клубот бара 90 милиони фунти, според „Телеграф“. Интер има рок да се согласи со сумата до 8 август, во спротивно Белгиецот останува во Манчестер Јунајтед. Претходно Интер понуди 75 милиони фунти за него кои Јунајтед ги одби.

09:00 – Според „Скај Италија“ Џенова е блиску до трансфер на играчот од средниот ред на Реал Мадрид Лукас Силва. Тој беше донесен на „Бернабеу“ во јануари 2015, но следната година му беше откриена срцева мана. Потоа играше како позајемн во Марсеј, а изминатите 18 месеци беше во Крузеиро исто така како позајмен. За Реал одигра само девет натпревари.

08:30 – Хрватскиот репрезентативец Марко Рог не отиде во Германија, туку остана во Италија со тоа што потпиша договор со Каљари. Тој ќе игра за клубот од Сардинија како позајмен фудбалер на една сезона.

08:00 – Трансферот на Андре Силва од Милан во Монако би можел да пропадне и покрај тоа што фудбалерот го делеа само часови од потпис за францускиот тим. ПОВЕЌЕ ПРИЧИТАЈТЕ НА ОВОЈ ЛИНК

СИТЕ ТРАНСФЕРИ ОД ВЧЕРА МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ ОВДЕ


„СПОРТМЕДИА“ во текот на денот во живо ќе ве информира за сите случувања на летниот фудбалски трансфер пазар. Сите најинтересни трансфери, шпекулации, актуелни преговори… Следете ги во живо токму овде!!!