Капитенот Стојанче Стоилов нема да може да ги поведе своите соиграчи кон првиот пехар сезонава, ИХФ Супер Глоуб со оглед на тоа дека се уште е во фаза на рехабилитација од повредата на коленото кое го оперираше во средината на јуни. На првиот собир пикерот се појави со лед на коленото, но делуваше одлично расположен.

“Добро се чувствувам, но уште сум далеку од трчање. Рехабилитацијата тече добро и се надевам дека ќе бидам подготвен за стартот на Лигата на шампионите”, изјави Стоилов.