Младиот играч на Челси Калум Хадсон-Одои постави услов во преговорите за продолжување на договорот со лондонскиот клуб. Талентираниот играл, кој минатата сезона заблеска во Премиер лигата, ја  побарал „десетката“ на својот дрес. Новопечениот англиски репрезентативец во Челси досега го носеше бројот 20.

А тоа може да предизвика турбуленции во клубот затоа што Вилијан тврдеше дека ќе го наследи бројот на Еден Азар кој замина во Реал Мадрид. Бразилецот пред неколку денови го продолжи договорот со Челси на уште две години и изјави дека му била понудена „десетката“. Досега Вилијан играше со бројот 22 на грбот.

А тоа ќе го стави тренерот Франк Лампард во многу незгодна ситуација, да има двајца незадоволни фудбалери, во најлош случај едниот да си замине од „Стемфорд Бриџ“. Хадсон-Одои е спремен да стави потпис на нов петгодишен договор после тешките и долги преговори околу личните услови, а ова со бројот ќе биде дополнителен проблем.