Ерменски Пјуник, тимот кој во 1. елиминациско коло од Лигата на Европа го елиминираше Шкупи, доведе две нови засилувања за престојниот дел од сезоната, меѓу кои и македонскиот напаѓач Денис Махмудов.

29-годишниот Махмудов кој беше играч на холандски Ексцелсиор, по долги сезони поминати во Холандија се решава кариерата да ја продолжи надвор од границите на оваа држава. Пред Ексцелсиор, Махмудов ги бранеше боите и на Дордрехт, Телстар, Зволе, Спарта Ротердам, а Ерменија не му е непознаница, затоа што во 2016 година извесен период помина како член на екипата на Банантс.