Футсал првакот на Македонија, екипата на КМФ Шкупи, се засили со Ерхан Сефери и Александар Глигоров. Покрај Агуши и Петровиќ, раководството на клубот вчера ги ангажира Сефери кој во изминатиот период настапуваше за екипи од Косово, и на Глигоров кој доаѓа од КМФ Велес. Се со цел што подобро претставување на евро сцената. Да потсетиме дека од 27 август до 1 септември во Скопје ќе се одржи претквалификацискиот турнир во Лигата на Шампионите во Футсал, на кој КМФ Шкупи ќе биде домаќин на екипите на Локомотив (Летонија), Кардиф (Велс) и Енкамп (Андора).