И официјално нашата најдобра фудбалска репрезентација е на 71. место на најновата ФИФА листа која излезе денеска. Тоа е скок од две места ако се знае дека на минатото рангирање Македонија беше на 73. место. Да споменеме дека во овој период нашите најдобри фудбалери немаа репрезентативни обврски.Значи ние го подобривме пласманот без да одиграме ниту еден меч. На врвот и натаму нема смена, Белгија е прва, но сега Бразил е втор а Франција падна на третата позиција.