Интер не се откажува од Ромелу Лукаку. Медиумите блиски до клубот велат дека „нероаѕурите“ ќе ги искористат сите свои оружја за да го донесат Белгијанецот во Милано.

Вчера во градот Нанџинг во Кина, состанок имале Жанг Џиндонг, Марота и Конте, на кој тренерот на Интер уште еднаш силно ја потврди својата волја да го добие напаѓачот на Манчестер Ј. во својот тим.

Според пишувањата на „Кориере дело Спорт“, Федерико Пасторело, агентот на белгискиот репрезентативец, вчера бил во Лондон за да ја следи ситуацијата. Тој е во постојан контакт со првиот оперативец на Манчестер Ј., Ед Вудворд и се чека само „зелено светло“ за завршни преговори. Манчестер Ј. не отстапува од цената од 80 милиони фунти, а Интер и натаму нуди сума со 10-тина милиони помала.