Кошаркарот на Црвена Звезда, Огнен Кузмиќ се чувствува многу подобро и полека закрепнува од тешката сообраќајна несреќа, а по серијата фотографии, тој сега и се обрати на сите од болнички кревет.

„Сакам да им се заблагодарам на сите кои се грижеа за мене по сe што доживеав и преживеав. Почнувајќи од претседателот на Црвена Звезда, Небојша Човиќ, лекари, медицински сестри и останат персонал, како и на потоа на министерот за здравство, кои исто така се зазема за мене. Благодарност до сите мои соиграчи, бивши и сегашни, на навивачите кои се грижеа за мене, ми праќаа пораки за поддршка, како и за транспарентот на натпреварот кој ме погоди в срце. Благодарам за сите луѓе што ми дадоа сила… Се извинувам ако некого заборавив, толку работи се случија за само десет дена. На мене сега е да закрепнам потполно и да ги слушам лекарите“, изјави Огнен Кузмиќ.