Руската тенисерка Светланата Кузнецова нема да ја брани титулата на тенискиот ВТА турнир во Вашингтон кој ќе се одржи од 29 јули до 4 август. Кузнецова лани го освои трофејот  во Вашингтон по победата со 2-1 над Хрватката Дона Векиќ, но оваа година Русинката ќе отсуствува затоа што не ја пуштија да учествува. Америка не и издаде виза! Русинката, двократна победничка на Грен слем турнирите (УС Опен во 2004 и Ролан Гарос 2009) ги поднела сите потребни документи уште во февруари оваа година, но била одбиена.

Им се извинувам на моите фанови таму. Жалам, но нема да играм во Вашингтон поради проблем со визата. Никогаш не сум имала ваков проблем, но ете и тоа се случи, но се надевам во иднина ќе добијам виза и ќе одиграм некои тениски турнири на американско тло“, изјави Кузнецова.

Не ми е јасно зошто. Ја поднесов апликацијата за виза за да учествувам на неколку турнири во Америка уште во февруари. А моите прашања зошто се одолговлекува завршуваа со одговор: „Вашата апликација се разгледува“ се до сега кога ми е соопштено дека се одбива“, додаде Русинката која нема да игра ниту на УС Опен 2019.