Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Бојан Крстевски (30 год, 206 см), е новото засилување за МЗТ Скопје Аеродром. Крстевски кој го носеше дресот на Работнички сега се сели во редовите на најголемиот ривал и официјално потпиша двегодишен договор.

Искусниот крилен центар, кој одлично се снаоѓа и на позицијата „пет“, треба да го засили МЗТ под обрачите. Крстевски веќе има две шампионски титули за себе (2009 и 2018 година), па ќе биде од голема помош во обидот „штрковите“ да го одбранат шампионскиот пехар.

Центарот кариерата ја почна во Работнички, по што има играно и за Центар, Вардар, Торус и Кожув, а во периодот од 2012 до 2015 година настапуваше за грчка Кавала.