Македонските репрезентативци Мартин Поповски и Марко Мишевски не се појавија на првата прозивка на Давид Писонеро и на Вардар вчера попладнето, а денеска и официјално е потврдено дека крилото и бекот не се веќе „црвено-црни“ ракометари. Поповски и Мишевски не успеале да се договорат со првите луѓе на клубот околу продолжување на соработката.

Поповски од 2017 година е во шампионскиот тим на Вардар додека претходно настапуваше за Вардар Јуниор, додека Мишевски, ланската сезона беше дел од првиот тим, а и тој беше прекомандуван од втората екипа.