Менаџерот Пеп Гвардиола работеше во Барселона, потоа во Баерн Минхен, сега е во Манчестер Сити меѓутоа еден млад фудбалер му го свртел вниманието. Шпанскиот страгет го посочи 19-годишниот Фил Фоден како најголемиот талент што го видел во кариерата. Младиот играч веќе освои две титули во Премиер лигата, а е ѕвезда на селекцијата на Англија до 21 година.

„Тој е најталентираниот играч кој сум го видел. Тој заслужува да биде на теренот цело време, меѓутоа покрај толку многу големи фудбалери и силна конкуренција не е лесно. Фил работи напорно за да си го сочува местото во клубот, а тој знае дека може да смета на моја помош“, изјави Гвардиола.

Пеп тоа го изјави на пресконференцијата во Јапонија на која присуствуваше и Фоден. Утре „граѓаните“ ќе играат против локалниот Јокохама Маринос во последната летна контрола.