Вториот македонски претставник во СЕХА лигата сезонава, Еурофарм Работник и нејзиниот стратег Стевче Алушовски за првпат ќе бидат дел од регионалното натпреварување. Во деветтата СЕХА сезона, гордоста на Битола своето патување ќе го има како дел од групата Б каде за противници ги има ППД Загреб, Мешков Брест, Пекинг Универзитет, Веспрем и Металопластика. СЕХА го чекираше нивното присуство и им посака добредојде во друштвото.