ФК Победа, клубот кој испадна во Втора лига, гордоста на фудбалски Прилеп е пред згаснување.

Како што велат од градот под Марковите кули, долгот нарасна на 150.000 евра, веројатно тој е уште поголем ако се знае дека ФК Победа има долг и кон ФФМ, па така сметката е блокирана, едноставно нема кој да ги платти сите тие долгови.

А тоа значи дека можеби многу скоро може да се случи и најцрното сценарио, а тоа е клубот да згасне. Интересно е што спонзорите си заминаа пред неколку месеци, акциите кои вредат по едно евро никој не сака да ги купи.

Мала финансиска помош ветија градските власти, со цел сметката да биде одблокирана, но мало фајде од тоа. На Победа и треба голема финансиска инјекција како би се вратила таму каде што заслужува. Дали после се ова во Прилеп ќе згасне и „втората Победа“.