Поранешниот италијански фудбалер Антонио Касано верува дека сумата од 85 милиони евра што Манчестер Јунајтед ја бара за Ромелу Лукаку е лудост. Според него „нероаѕурите“ треба да се откажат од идејата да го купат белгискиот напаѓач и да направат друг чекор – да го дадат Мауро Икарди во Јувентус во замена за Гонзало Игуаин.

Поранешниот играч на Милан, Рома, Интер и Сампдорија зборуваше за случувањата на пазарот и го кажа своето мислење за чекорите кои ги преземаат овие клубови.

Лично, воопшто не ми се допаѓа Лукаку како фудбалер, а сумата што Јунајтед ја бара за него е лудило. А уште полудо е што Интер е спремен да даде толку за него. Мое мислење е дека треба да го дадат Икарди во Јувентус во замена за Игуаин. Ако јас работев во Интер ќе го направев токму тоа“, изјави Касано кој зборуваше за Рома и обидот за реконструкција на екипата под водство на Пауло Фонсека.

Јас ја сакам Рома, но најголем проблем во клубот е што раководните луѓе премногу се колебаат место да дејстуваат одлучно. На пример Балдини кој официјално не е директор на Рома (консултант) прави одлуки без да преземе одговорност. Со тие луѓе Рома ќе се мачи. Тие мора да сфатат дека Рома не е нивна играчка. Мора да се зближат со фановите и да го слушаат нивниот глас“, додаде некогашниот напаѓач.