Еден од нашите најталентирани фудбалери Марко Ѓорѓиевски, се сели во српскиот шампионат, и потпишува за Вождовац. Во моментов Марко Ѓорѓиевски настапува во Борец. Тој потекнува од школата на Вардар, и во минатото беше поврзуван со трансфер во Бохум и во Спортинг Лисабон.

Станува збор за играч од нападот.

Тој деновиве треба да го стави потписот на 4-годишниот договор со српскиот прволигаш. Ѓорѓиевски настапува и за младите селекции, а сега во моментов игра за селекцијата до 19 години. Оваа година во април наполни 19 години.