Познато е дека Динамо Загреб во последните 15 години продава многу играчи за десетици милиони евра, а сега веројатно ќе го сруши рекордот по продажба на еден фудбалер. Тоа е Дани Олмо, шпанецот за кого има интерес и од Шпанија, и од Англија.

Според последните информации, на „Максимир“ веќе тријат раце, затоа што стигнала понуда од Вулверхемптон. „Волците“ даваат 25 милиони евра, плус 5 милиони евра во бонуси, и 20% од следен трансфер. Тоа би значело 40 милиони за Динамо Загреб.

Ако ова се случи, тогаш ќе биде срушен рекордот на Марко Пјаца, кој за 23 милиони се пресели во Јувентус. Следува Лука Модриќ кој е продаден пред 10 години за сума од 21. милион евра.

Меѓутоа Динамо сака да го задржи Шпанецот барем до квалификациите во Лигата на шампионите.