Илија Несторовски одигра само неколку минути на своето деби за Удинезе, во пријателски меч кој Борусија Дортмунд победи со 4:1. Тој влезе во игра 73.минута, интересно е  тоа што само што влезе нашиот напаѓач неговиот тим успеа да постигне гол. Сепак мечот подоцна беше прекинат поради големо невреме во Алтах (Австрија) каде и се играше.