Никола Јакимовски, по 7-8 месеци престој во Грција, се враќа таму каде што му е најубаво, во Италија. Тој потпиша за екипата на Трапани, која ќе се натпреварува во Серија Б.

Последен клуб на левиот офанзивен бек му беше АЕЛ Лариса. Инаку Јакимовски (29), има богата интернационална кариера, има играно во Унгарија, Србија, Јапонија а Трапани ќе му биде седми италијански клуб за кој ќе настапува.