Откако денеска Коста Манев и официјално беше промовиран во Вележ, во наредните денови свој потпис на договорот за клубот од Мостар, ќе стави и Јани Урдинов. Бекот кој до пред некое време беше член на Ружемберок, потврди за медиумите во БиХ дека се враќа во Премиер Лигата.

„Претходно фановите на Железничар ги уверив во своите квалитети и борбеност, но сега сум член на Вележ. Останува само да го потпишам договорот“. Инаку тој утре доаѓа во Мостар по што ќе следи промоцијата. Во нашиот шампионат тој ги бранеше боите на Работнички, Шкендија…